Дома Фудбал Останато Роналдо ги доби првите критки во Саудиска Арабија: Ако дадеше гол ќе беше поинаку

Роналдо ги доби првите критки во Саудиска Арабија: Ако дадеше гол ќе беше поинаку

Aл Наср вчера беше поразен во Суперкупот на Саудиска Арабија од големиот ривал Ал Хилал, а една од најголемите прилики за тимот предводен од Руди Гарсија ја имаше Кристијано Роналдо.

Роналдо се уште чека на првенецот за Ал Наср, а Руди Гарсија индиректно го посочи како еден од виновниците за елиминацијата од Суперкупот.

„Еден од клучните моменти сигурно беше пропуштената шанса на Роналдо во првото полувреме. Ако постигнеше гол ситуацијата ќе беше поианква“, изјави Гарсија.

Гарсија зборува за шансата од завршницата на полувремето кога Роналдо со глава од пет метри шутираше директно во голманот. Ал Хилал пропуштената прилика ја казни веќе во следниот напад и зголеми на 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tоти: Без мене Италија немаше да го освои Светското првенство

Франческо Тоти верува дека Италија не би го освоила Светското првенство во 2006 година без…