Дома Трансфер зона Рибери добил понуда од тимот на Чави и Габи?

Рибери добил понуда од тимот на Чави и Габи?

0
ribery

Франк Рибери на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн Минхен.

После 12 години 36 годишниот фудбалер ќе го напушти гигантот од Минхен, но искусниот офанзивец нема намера да ја заврши кариерата.

Понуди до Рибери пристигнуваат секојдневно. Неодамна доби понуда од Вестер Сиднеј Вондерс од Австралија, тим кој од клупата е предводен од поранешниот репрезентативец на Германија, Маркус Бабел.

Изминатите денови Рибери доби уште една понуда. Во своите редови сака да го види катарскиот Ал-Сад клубот каде што веќе настапуваат познати имиња како легендата на Барселона Чави Ернандез и поранешниот играч на Атлетико, Габи.

Катарскиот клуб нуди одлични договори и сигурно дека тоа ќе биде случај и со Рибери, па сосема сигурно Французинот добро ќе размисли за финансиската страна на понудата која ја добил.

На крајот за сите овие понуди ќе одлучи само Рибери. Нема дилеми дека одлуката која ќе ја донесе треба да биде најдобра за него и неговото семејство, а со оглед на тоа дека е муслиман Катар изгледа како интересна опција.

Рибери во Баерн пристигна во 2007 година од Марсеј. Во Минхен стана еден од најдобрите фудбалери во светот, а во 416 одиграни натпревари за Баерн Минхен постигна 122 погодоци.

Со Баерн освои се. Осум пати беше шампион на Германија, пет пати победник во Купот, а секако еден од најголемите успеси му е освојувањето на Лигата на шампионите во 2013 година.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го жртвува Перишиќ за да доведе напаѓач од Премиер лигата?

Според информациите на италијанските медиуми, Интер ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку…