Дома Трансфер зона Официјално: Соиграчот на Столе Димитриевски го засили Реал Мадрид

Официјално: Соиграчот на Столе Димитриевски го засили Реал Мадрид

Реал Мадрид официјално го промовираше Фран Гарсија за следната сезона.

Во понеделеник напладне Гарсија ќе ја има и официјалната презентација на „Сантијаго Бернабеу“. Потписот на Гарсија не е изненадување затоа што него го најави Карло Анчелоти уште пред завршувањето на сезоната.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Изминатата сезона Гарсија ја помина во Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски, а со Реал Мадрид сега потпиша договор на четири години.

Гарсија во минатото беше член на младинската академија на Реал Мадрид каде што пристигна на само 14 години и се задржа до 2020 година. Дебито за сениорскиот тим го имаше во 2018-та.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул најде идеална замена за Александер Арнолд

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренес…