
Преговорите за нов договор на Винисиус Жуниор траат со месеци, а шпанските медиуми пишуваат дека настапот на Бразилецот на Светското првенство ќе има клучна улога.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иднината на Винисиус во Мадрид е една од главните теми поради тоа што Бразилецот има договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година.
Во Мадрид нема простор за паника, но свесни се дека мора ситуацијата наскоро да ја решат за да не се соочат со сериозни проблеми.
„АС“ пишува дека Мундијалот би можел да има големо влијание на расплетот на целата ситуација. Во случај Винисиус да одигра врвно, тогаш неговата преговарачка позиција ќе биде посилна и може да побара подобри услови од Реал.