Дома Фудбал Италија Направи чудо со Салернитана, а сега го чека пешачење од 300 километри!

Направи чудо со Салернитана, а сега го чека пешачење од 300 километри!

Фудбалерите на Салернитана успеаја да опстанат во Серија А и покрај убедливиот пораз во последното коло од Удинезе (0:4).

Во Серија А Салернитана опстана благодарение на ремито помеѓу Каљари и Венеција 0:0. Доколку Каљари славеше против Венеција која е последна на табелата тие ќе беа тимот кој ќе славеше опстанок, но вака се радуваше Салернитана.

Во последните 15 минути од натпреварот, навивачите на Салернитана воопшто не го гледаа натпреварот на својот тим, туку телефонски ги следеа случувањата во Венеција, а откако истече и последната секунда од тој дуел следуваше големо славје.

„Поминавме три месеци со неверојатен интензитет. Мислам дека поради се што направивме заслуживме да избориме опстанок“, изјави Никола.

На тренерот Давиде Никола му успеа нешто слично и во минатото, па слободно може да се нерече „мајстор за опстанок“. Со Кротоне во 2017 на сличен начин успеа да го задржи во елитата, а претходно вети дека ако неговиот тим остане во Серија А ќе вози велосипед од Калабрија се до Торино (околу 1.300 километри).

Овој пат, тој имал ново ветување и тоа до неговиот покоен син, дека ќе пешачи од Салерно до Рим (околу 300км) за да го поздрави папата, ако Салернитана остане во Серија А што и се случи.

Од преземањето во февруари има четири победи, шест нерешени и пет порази, што беше доволно за задржување на прволигашкиот статус. Така, сега пред него е новиот предизвик – пешачењето од Салерно до Рим! Но, дефинитивно тоа ќе биде полесна задача од она што го направи со Салернитана кога дојде во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потег за аплауз: Тренерот на Елмас ги собра симпатиите пред натпреварот на Наполи 🎥

Oд 15:00 часот денес Наполи ќе игра против Торино како прв натпревар во Серија А. На офици…