Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со лоши резултати. Ако не се случи некој голем пресврт тие наредната сезона ќе играат во Серија Б, па така ќе бидат приморани и да продадат некои од своите фудбалери.
Еден од оние кои ќе заминат ќе биде и прославениот мексикански голман Гиљермо Очоа. Италијанските медиуми пренесуваат дека Очоа веќе ги потпишал документите за прекин на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очоа кој има 38 години во новиот клуб ќе пристигне како слободен играч и без оштета, засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Претходно, Очоа бранеше за Стандард, Гранада, Малага и Клуб Америка од Мексико. Зад себе има настапи на дури пет Светски првенства, дресот на репрезентацијата на Мексико го носеше на 150 натпревари.