Дома Фудбал Италија Кристиано Роналдо – совршена инвестиција!

Кристиано Роналдо – совршена инвестиција!

Доаѓањето на Кристиано Роналдо му помогна на Јувентус да стане еден од најуспешните брендови во светот на фудбалот.

„Газета дело спорт“ го објави финансискиот извештај во кој се наведува дека присуството на Роналдо на „Старата дама“ и донело неверојатни 58 милиони евра дополнителна заработка од маркетинг.

Секој податок поврзан со економијата на Јуве оди во нагорна линија, па така на пример приходите од продажба на производи во 2018-та изнесувале 27, а оваа година 44 милиони евра.

„Старата дама“ едноставно млати повеќе пари по сите основи, како што се приходи од продажба на карти, радио и тв права, реклами…па јасно е дека Роналдо има голем импут во економијата на Јувентус.

Со неговото доаѓање драстично пораснаа и спонзорските договори на клубот. Јувентус претходно од „Адидас“ добиваше 23 милиони евра по сезона, а сега добива 51 милион. Од „Џип“ пак приходите пораснаа од 16 на 50 милиони евра.

За крај Јувентус денес потврди продолжување на договорот со „Алијанц“ за името на стадионот до 2030 година според кој ќе добие додатни 103 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус ќе игра пред празни трибини и нема да им ги врати парите на навивачите

Како што е веќе познато, пет натпреари од италијанската Серија А кои се играат викендов ќе…