
Поранешниот славен италијански фудбалер Џенаро Гатузо продолжува да губи кредибилитет во својата тренерска улога, а синоќа како тренер се соочи со нова црна дамка во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За разлика од неговата играчка кариера, која беше исполнета со трофеи вклучително и титули од Светското првенство и Лигата на шампионите, тренерската патека на Гатузо се чини дека не му оди по планот.
Иако често добива понуди за тренерски ангажмани, никаде досега не постигна вистински успех. Не му се остварија соништата откако го загуби баражот за Светското првенство во поразот од Босна и Херцеговина во Зеница, а веќе беше погоден од нов неуспех
Гатузо во летниот период го презеде Лацио, откако по поразот од Змејовите доби отказ од селекцијата на Италија. Меѓутоа, првиот натпревар на клупата на Лацио донесе нов срамен резултат.
Not been a good few months for Gattuso 😭
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 16, 2026
❌ March: Knocked out of World Cup qualification by Bosnia
❌ August: Knocked out of the Coppa Italia R64 by Mantova
Brutal. pic.twitter.com/rGF6nl9PMJ
Лацио ја стартуваше сезоната со дуел од Coppa Italia против второлигашот Мантова на свој терен, а мечот заврши со неочекуван резултат од 0:2 за аутсајдерите.
Очекувањата беа Лацио да биде апсолутен фаворит во овој меч, но на теренот тоа не се покажа. Дури и Мантова постигна поголем успех, заокружувајќи ја победата со два гола во последните минути преку Франческо Ручо и Исмаел Кајазо.
La #Lazio è fuori dalla Coppa Italia pic.twitter.com/B9CICrUDOg
— AllRoundLazio (@AllRoundLazio) August 16, 2026
Така, Лацио беше елиминиран веќе во првата фаза од купот, започнувајќи ја новата сезона на најлош можен начин, а Гатузо мора со сериозна анализа да ја превреднува ситуацијата и да се обиде да ја подобри.
На 24 август, Лацио ќе игра против Болоња во првото коло од новата сезона на Серија А на гостински терен.