Дома Фудбал Ништо од Мартинез: Јувентус најде нов голман во Премиер лигата, ќе плати десет милиони евра.

Ништо од Мартинез: Јувентус најде нов голман во Премиер лигата, ќе плати десет милиони евра.

Јувентус постигна договор со Тотенхем за трансферот на италијанскиот голман Гиљермо Викарио, откако лондонскиот тим ја прифати понудата на гигантот од Торино вредна 10.000.000 евра, според извештаи на италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекува Викарио да се приклучи на Јувентус на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната. Иако договорот формално сè уште не е завршен, се очекува тој набрзо да биде официјализиран.

Клубот од Торино претходно се повлече од обидот да го ангажира Емилијано Мартинез од Астон Вила, и го насочи вниманието кон други опции за чувар на мрежата.

Со трансферот во Јувентус, Викарио би се вратил во Италија, каде што помина поголемиот дел од својата кариера. Тотенхем го донесе од Емполи во 2023 година за околу 20.000.000 евра, и веднаш го постави како прв голман на тимот.

За лондонскиот клуб извојува 117 настапи во сите натпреварувања, со успеано зачувани мрежи на 29 натпревари.

Сепак, минатата сезона донесе и предизвици.

Викарио бранеше на 43 натпревари, но на моменти правеше грешки, а од 22 март па натаму, беше надвор од терените поради повреда. Неговата позиција ја презеде Антонин Кински, кој остана како прв избор дури и по враќањето на Викарио.

Италијанецот ја започна својата сениорска кариера во Удинезе, а се изгради преку позајмици во пониските лиги и подоцна во Венеција. Бранеше и за Каљари, Перуџа и Емполи, со кој во 2022 година потпиша постојан договор.

За италијанската репрезентација има пет настапи, и беше дел од тимот на Европското првенство 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се воведуваат четири нови правила во Премиер лигата, пауза за хидратација нема да има!

Оваа недела започнува новата сезона на Премиер лигата на Англија, со дуелот помеѓу Арсенал…