
Елина Свитолина оствари еден од најголемите пресврти на годинашниот турнир во Синсинати – успеа да спаси дури седум меч топки против Тереза Валентова, а потоа во одлучувачкиот сет не и препушти ниту еден гем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Деветтата тенисерка во светот ја совлада 64. рангираната играчка на ВТА листата со резултат 3:6, 7:6(5), 6:0 во нивниот прв меѓусебен дуел.
Валентова го започна натпреварот многу подобро и во првиот сет дури три пати го одзеде сервисот на Украинката. Свитолина успеа да врати само еден брејк, па Чешката тенисерка поведе со 6:3.
Возбудлива драма се случи во вториот сет. Свитолина во текот на него спаси дури седум меч топки, а потоа и во тај-брејкот се најде во големи неприлики кога губеше со 5:2.
Сепак, одби да се предаде, направи голем пресврт и го доби тај-брејкот со 7:5.
После сите пропуштени можности, Валентова целосно се повлече. Свитолина во одлучувачкиот сет доминираше од првиот до последниот поен и со убедливи 6:0 го заврши големиот пресврт.
Украинката така се пласираше во третото коло на Синсинати, каде ја очекува Кинеската тенисерка Ванг Синју.