Дома Фудбал Милан ги изненади навивачите, договори засилување од 50 милиони евра

Милан ги изненади навивачите, договори засилување од 50 милиони евра

Белгискиот крилен офанзивец Диего Мореира е нов играч на Милан, а овој досега прилично непознат играч „Росонерите” ќе го платат неверојатни 50 милиони евра.

Иако Милан немаше големи финансии изминатите години, ова лето тие веќе реализираа второ изненадувачко засилување.

Најпрвин го доведоа Гонсало Рамош од ПСЖ за 74 милиони евра, иако неговата пазарна вредност беше 25 милиони евра, а сега го преплатија и Диего Мореира.

„Росонерите” за Мореира исплатија 50 милиони евра на Стразбург, речиси дупло повеќе од неговата проценета вредност од 25 милиони евра. Интересно е дека и на Рамош и на Мореира агент е Жорж Мендеш.

Што се однесува до Мореира, тој е лев крилен играч на Стразбург кој имаше успешна сезона во француската Лига 1, со постигнати пет гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…