Дома Фудбал Фабијани со емотивна порака се збогуваше од Вардар: Заминувам со мирна совест

Фабијани со емотивна порака се збогуваше од Вардар: Заминувам со мирна совест

Кристијан Фабијани не успеа да се задржи долго на клупата на Вардар. Аргентинскиот тренер ја заврши својата епизода во скопскиот клуб по поразот во дербито со Шкендија, а за неговото заминување придонесе и елиминацијата од европските квалификации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По прекинот на соработката, Фабијани се огласи со емотивна порака во која им се заблагодари на сите со кои соработувал и истакна дека е горд што добил можност да го предводи најтрофејниот македонски клуб.

„Денес дојде моментот да се збогувам со овој клуб и сакам тоа да го направам од срце, бидејќи зад секој натпревар, секој тренинг, секое патување и секоја тешкотија остануваат многу искуства и спомени кои засекогаш ќе ги носам со себе.

Сакам да им се заблагодарам на играчите, стручниот штаб, вработените во клубот, раководството и, особено, на сите навивачи кои беа со нас. Од првиот ден се трудев да дадам сè од себе, со посветеност, работа и страст кон фудбалот. Знам дека во фудбалот околностите и одлуките понекогаш прават патиштата да се разделат. Но, тоа не го менува почитувањето и љубовта што ги носам со себе кон Вардар и кон сите луѓе кои се дел од овој клуб.

Заминуваам со мирна совест, знаејќи дека дадов сè од себе во секој ден од мојата работа. Со себе носам и многу научени лекции, пријателства и моменти кои засекогаш ќе останат во моето сеќавање. Од срце му посакувам на Вардар да продолжи да расте, да се натпреварува и да остварува големи успеси. Овој клуб има огромна историја и луѓе кои заслужуваат многу радости.

Ти благодарам, Вардар, што ми овозможи да бидам дел од твојата историја. До некоја следна средба и многу среќа!“, порача Аргентинецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд се врати во Манчестер јунајтед, а потоа следуваше голем пресврт

Маркос Рашфорд би можел сè уште да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, иако се врати в…