Дома Останати Кошарка Српската кошарка во шок: Никола Калиниќ објави крај на кариерата!

Српската кошарка во шок: Никола Калиниќ објави крај на кариерата!

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ донесе одлука да ја заврши својата професионална кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја објави преку социјалните медиуми, нагласувајќи дека и понатаму ќе остане во кошарката, но како помошник-тренер во Црвена ѕвезда.

“Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник-тренер во Ѕвезда. Поради приватни причини сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од ова лудо патување”, напиша Калиниќ.

Имаше шпекулации дека не е во плановите на новиот тренер Ибон Наваро, а наедно се појавија информации дека за Калиниќ била заинтересирана екипата на Војводина од Нови Сад.

Сепак, освојувачот на Евролигата и медалист од најголемите натпревари со репрезентацијата на Србија реши да ја заврши кариерата на 35-годишна возраст.

Калиниќ ја започна својата кариера во Спартак Суботица. Во Србија, освен за Црвена ѕвезда, играше за Нови Сад, Војводина и Раднички Крагуевац. Најголемите успеси ги постигна во дресот на турски Фенербахче, а пред да се врати во Ѕвезда, играше во Шпанија за Валенсија и Барселона.

Фото: FIBA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мозес Рајт стана „Македонец“ – големо засилување за репрезентацијата!

Македонската кошаркарска репрезентација добива значајно засилување за претстојниот ФИБА пр…