Дома Фудбал Maлку фалело за трагедија: Фудбалер од Серија А заврши на интезивна нега по несреќа на базен

Maлку фалело за трагедија: Фудбалер од Серија А заврши на интезивна нега по несреќа на базен

Младиот напаѓач на Каљари, Јаел Трепи (20), заврши на интензивна нега откако за малку не се удавил во базен на луксузна вила на Сардинија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот фудбалер итно бил пренесен со хеликоптер во болница, а италијанскиот клуб не го крие своето длабоко загрижување за неговата здравствена состојба.

Незгодата се случи за време на слободниот ден што играчите го добија по натпреварот од Купот на Италија.

Според информациите од весникот Unione Sarda, несреќниот млад фудбалер во попладневните часови изгубил свест во водата.

Италијанските медиуми јавуваат дека Трепи воопшто не знае да плива и случајно се нашол во длабокиот дел од базенот.

По овој драматичен настан, клубот објави службено соопштение.

“Каљари објавува дека фудбалерот Јаел Трепи моментално се наоѓа во граѓанската болница Света Анунцијата во Сасари, каде што е на интензивна нега”, информираа од клубот.

Од Каљари додадоа дека внимателно ја следат ситуацијата во соработка со лекарите и семејството и замолија за почитување на приватноста.

Инаку, овој талентиран напаѓач минатиот петок одигра 54 минути во победата над Арезо (1:0).

Трепи дојде во клубот во 2022 година преку младинската школа, а минатата сезона дебитираше во Серија А со осум настапи и еден постигнат гол.

Фото: yaeltrepy/Инстаграм

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата се врати, Бускетс повторно е во Барселона!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Бускетс, повторно е дел од каталонскиот клуб, за…