Дома Фудбал Легендата се врати, Бускетс повторно е во Барселона!

Легендата се врати, Бускетс повторно е во Барселона!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Бускетс, повторно е дел од каталонскиот клуб, заземајќи улога на помошник тренер во вториот тим на Барселона.

Од клубот потврдија дека Бускетс ќе биде дел од стручниот тим предводен од Џулијано Белети, а паралелно ќе продолжи со стекнување на тренерски лиценци.

Ова е прва позиција за 38-годишниот Бускетс по завршувањето на неговата играчка кариера. Шпанскиот фудбалер се повлече во 2025 година, по завршетокот на сезоната која ја мина во Интер Мајами, играјќи со поранешните соиграчи Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.

Бускетс беше дел од Барселона цели 18 години, започнувајќи во младинските редови од 2005 година, и три години подоцна стана дел од првиот тим. За каталонците одигра вкупно 722 натпревари.

Со Барселона освои девет шампионски титули во Шпанија и три титули во Лигата на шампионите. Беше важен дел од средината на полето заедно со Чави Ернандез и Андрес Иниеста, а според бројот на настапи за клубот е на трето место, веднаш зад Меси и Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…