
Како што стојат работите, Родри кариерата ја продолжува во Барселона, иако подолго време сонуваше за дресот на Реал Мадрид, според Мarca.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова лето, играчот од средниот ред реши да ја прифати понудата од Каталонија наместо од Мадрид, со што направи избор што до неодамна изгледаше сосема неочекуван.
Првиот контакт со Реал го имаше уште во 2019 година додека настапуваше за Атлетико Мадрид, но тогаш, во Реал, предност имаа Крос, Модриќ и Каземиро.
Тој потоа се пресели во Манчестер Сити каде Пеп Гвардиола го разви во еден од најдобрите светски играчи од средниот ред и каде освои многу трофеи.
Влегувајќи во последната година од неговиот договор со Сити, Реал повторно покажува интерес, но во управата на Кралскиот клуб не беа целосно убедени во неговиот стил на игра.
Од Валдебебас дури се слушаа коментари дека Родри “премногу го забавува поседот” и не е тоа што го бараат за својот среден ред.
И покрај тоа што на Светското првенство постави рекорд по бројот на точни додавања со успешност над 93 проценти, Реал пристапи со резерва.