Дома Фудбал Англија Зидан добива понуда која нема да може да ја одбие

Зидан добива понуда која нема да може да ја одбие


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа на лето.

Зидан е слободен откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, па откако стана јасно дека нема да седне на клупата на француската репрезентација, сега повторно е спремен за клупски ангажман.

Англиските медиуми тврдат дека Зидан е кандидат број еден за тренерското столче на „Стенфорд Бриџ“. Челзи не е задоволен од работата на Потер и спрема тренерска смена на лето.

Зидан ќе има одврзани раце во Челзи да го води новиот проект, во кој сопственикот Боели веќе вложи 600 милиони евра.

Челзи веќе спрема понуда за францускиот стратег, но останува да се види дали ќе ја прифати, бидејќи интерес за Зидан покажува и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Идеалниот тим на Ибрахимовиќ составен од негови соиграчи

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Златан Ибрахимовиќ објави крај на големата кариера,…