Дома Македонски спорт Мак фудбал Експресна реакција по нападот врз голманот на Охрид: И во Неготино нема да се игра фудбал!

Експресна реакција по нападот врз голманот на Охрид: И во Неготино нема да се игра фудбал!

По инцидентот во кој беше нападнат голманот на Охрид на гостувањето кај Вардар Неготино, ФФМ експресно реагираше и изрече суспензија.

Во својата одлука од федерацијата истакнуваат дека одлуката за суспензијата стапнува на сила веднаш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата  донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино . Суспензијата стапува на сила веднаш“, објави ФФМ.

Ќе потсетиме, претходно суспендиран беше и теренот во Кавадарци по инцидентот на натпреварот помеѓу Вардар и Тиквеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…