Дома Фудбал Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за гостинскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија.

Средбата од новиот циклус во Лигата на нации е закажана за 29 септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, со почеток во 20.45 часот. За македонските навивачи е предвиден посебен сектор, а билетот ќе чини 1.600 денари.

Се очекува влезниците за гостинскиот сектор брзо да бидат распродадени, имајќи го предвид големиот интерес за натпреварот, но и бројната македонска дијаспора која живее во Словенија и околните земји.

Дуелот во Љубљана ќе биде особено значаен за македонската репрезентација, бидејќи доаѓа само три дена по домашниот натпревар против Швајцарија. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ги пречекаат Швајцарците, а потоа ќе отпатуваат за Љубљана на гостувањето кај Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jунајтед пред три години му даде гол на Сити од ситуација идентична како за сега што се жалат (Видео)

Реакции и дискусии предизвика постигнатиот гол на Ерлинг Халанд во градското дерби против …