Дома Фудбал Гаштаров: Кога играм за Македонија, давам сè од себе!

Гаштаров: Кога играм за Македонија, давам сè од себе!

Матеј Гаштаров го запиша своето деби во дресот на македонската репрезентација, а и покрај поразот од Швајцарија со 0-3, младиот фудбалер беше меѓу позитивните впечатоци од натпреварот.

Селекторот Гоце Седлоски имаше пофални зборови за Гаштаров, кој доби шанса од првата минута против силниот противник и со својот настап ги исполни очекувањата.

По натпреварот, Гаштаров порача дека за него настапот во националниот дрес носи голема одговорност и дека секогаш ќе се труди да го даде максимумот.

„Одиме понатаму, глава горе. Треба да дадеме сè од себе во наредните натпревари. Кога го носам дресот на Македонија, очекувам од самиот себе да дадам максимум, да оставам срце на терен. Швајцарија е голема фудбалска сила, но ние имаме уште три натпревари во 10 дена и треба да дадеме сè од себе. Атмосферата мислам дека ќе остане одлична и се надеваме на триумф“, кажа Гаштаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Гаштаров покажа како се игра за Македонија – со срце и борбено од почеток до крај!

Матеј Гаштаров дебитираше за македонската А-репрезентација, а младиот фудбалер веднаш доби…