На младата ѕвезда на Пари Сен Жермен соопштена му е казната поради добиениот црвен картон во минатото коло од Лига 1.
ПСЖ го совлада Ним со 4:2, Мбапе беше еден од стрелците, но во последните моменти кога се веќе беше решено, заработи црвен картон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, фидбалерот на Ним, Савани остро стартуваше над ѕвездата на ПСЖ и француската репрезентација во судиското продолжение, а тоа предизвика бес кај младиот фудбалер.
Мбапе веднаш стана и тргна да се пресметува со фудбалерот на Ним, кога конечно ги разделија судијата им го покажа патот кон соблекувалната.
Сега е донесена и одлуката колку двајцата фудбалери ќе отсуствуваат од терените, Мбапе доби три натпревари казна додека Савани ќе паузира пет натпревари.
Така еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ ќе ги пропушти натпреварите со Сент Етјен, Рен и Рем во рамките од Лига 1.