Дома Фудбал Тежок удар за Мароко: Фудбалерот кој е хит на Мундијалот нема да игра против Франција!

Тежок удар за Мароко: Фудбалерот кој е хит на Мундијалот нема да игра против Франција!

Фудбалерите на репрезентацијата на Мароко вечерва од 22:00 часот ќе се соочат со Франција во четвртфиналето на Светското првенство.

Натпреварот на “Жилет стадионот” ќе биде нивно четврто меѓусебно соочување, истовремено и реприза на полуфиналето од претходниот Мундијал кога Франција со резултат 2:0 се пласираше во финалето.

Улогите повторно остануваат исти, но овој пат Мароко се соочува со сериозни кадровски проблеми, а Мохамед Уахби ги потврди лошите вести за “Атлантските лавови”. Најдобриот стрелец Исмаел Саибари ќе мора да го пропушти натпреварот поради повреда.

“Сите се подготвени освен Исмаел Саибари. За него овој натпревар е прерано. Меѓутоа, се надевам дека не го заврши учеството на овој турнир”, изјави Уахби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени се петте клуба што ќе се натпреваруваат за “Клуб на годината”

Официјално се објавени номинациите за петте клуба што ќе бидат во трка за престижната нагр…