Дома Фудбал Роналдо Феномено: Мбапе е мојот природен наследник

Роналдо Феномено: Мбапе е мојот природен наследник

КИЛИЈАН МБАПЕ доби големо признание од еден од најголемите напаѓачи во историјата, додека Франција продолжува со својот поход на Светското првенство 2026 година. Бразилската легенда Роналдо Назарио ја пофали ѕвездата на Реал Мадрид, откако тој постигна четири гола и оствари две асистенции во првите три средби на турнирот во Северна Америка, пишува Goal.com.

Роналдо: Ме потсетува на мене во моите најдобри години

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе долго време се смета за наследник на Лео Меси и Кристиано Роналдо на фудбалскиот трон, но токму оригиналниот Роналдо, познат како “Ел Феномено”, во францускиот напаѓач ја препозна сличната душа. По одличниот почеток на Светското првенство, каде што Мбапе е главна напаѓачка сила на тимот на Дидие Дешамп, бразилската икона не го криеше воодушевувањето од неговите физички и технички способности.

Легендарниот освојувач на Светското првенство 2002 година истакна дека способноста на Мбапе да ги спои неверојатната брзина со прецизната завршница го потсетува на квалитетите кои него го правеле најопасен напаѓач на светот речиси цела деценија.

“Природен наследник на фудбалските легенди”

Мбапе го отвори својот голгетерски учинок на турнирот со два поготока против Сенегал, а истиот учинок го повтори и во натпреварот со Ирак. Иако против Норвешка не се запиша меѓу стрелците, тој беше клучен за нападот на Франција со две асистенции, со што ги импресионира светските медиуми. Французинот повторно се бори за Златната копачка и Златната топка, а еден од конкурентите му е капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Роналдо во изјава за L’Equipe ги пофали двата играчи. “Треба да се размисли и за наследството кое се остава. И двајцата, без никаква сомнеж, се фудбалери кои ги надминуваат статистиките и заслужуваат да бидат меѓу најдобрите голгетери на турнирите на сите времиња. Меси е еден од најголемите во историјата на фудбалот, и денес е влијателен и пресуден.

Што се однесува до Мбапе, неговиот стил на игра ме потсетува на мене во моите најдобри години. Тој е еден од најголемите играчи денес и природен наследник на фудбалските легенди.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направени се илјадници симулации за Светското првенство, веќе се знае кого ќе го гледаме во финалето?!

Со синоќешниот натпревар меѓу репрезентациите на Канада и Јужна Африка започна нокаут-фаза…