Дома Останати Ракомет „Бомба“ во македонскиот ракомет: Талески потпиша за Охрид!

„Бомба“ во македонскиот ракомет: Талески потпиша за Охрид!

Филип Талески е нов член на ГРК Охрид, откако клубот го претстави како свое осмо засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот лев бек потпиша едногодишен договор, со опција соработката да биде продолжена и за сезоната 2027/28. Триесетгодишниот ракометар, висок 202 сантиметри, ќе настапува со дресот со број 28.

Талески во Охрид пристигнува од унгарскиот тим Татабања, а зад себе има богато меѓународно искуство. Кариерата ја започна во Металург, од каде што како еден од најперспективните македонски ракометари се пресели во германскиот Рајн Некар Левен, со кој ја освои шампионската титула во Бундеслигата. Во текот на кариерата играше и за Балинген, Вардар и португалска Бенфика.

По официјализирањето на трансферот, Талески истакна дека со голем ентузијазам го прифаќа новиот предизвик.

„Доаѓањето во ГРК Охрид за мене е почеток на ново поглавје исполнето со амбиции и мотивација. Од првиот момент ја почувствував сериозноста на проектот и желбата на клубот да напредува, што целосно се совпаѓа со моите спортски амбиции. Голема чест е да се биде дел од клуб кој континуирано расте и има силна поддршка од навивачите. Ќе вложам максимум на секој натпревар за заедно да ги исполниме целите во домашните натпреварувања и во Европа“, порача македонскиот репрезентативец.

Со доведувањето на Талески, раководството на ГРК Охрид уште еднаш потврдува дека и во новата сезона ќе атакува на висок пласман во домашното првенство, но и на успешни настапи на европската сцена, каде што клубот ќе се обиде да остави силен впечаток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…