Дома Фудбал Останато Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

По лансирањето на проектот Арена Македонија кој почна на почетокот на овој месец измиантите денови се појавија и проблеми при емитувањето на каналите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така денешниот историски меч на Лина Ѓорческа на Вимблдон првично требаше да биде пренесуван на Арена 2 со македонски коментар, меѓутоа истиот поради технички проблем се пренесуваше на Арена 5 Премиум, програма која е без македонски коментатор.

Веднаш по мечот од телевизијата го објаснија проблемот:

„Групацијата “Arena Chanels Group” ги информира гледачите и јавноста дека во раните утрински часови, некои корисници имаа потешкотии при емитувањето на дел од каналите на „Арена“.

Ова лето, Групацијата “Arena Chanels Group” е во процес на проширување на својата програмска понуда, што вклучува лансирање на голем број нови канали наменети за сите возрасти, различни интереси и поширока публика.
За време на последните технички прилагодувања, можни се краткорочни отстапувања во квалитетот на сигналот за некои корисници.

Групацијата “Arena Chanels Group” продолжува да инвестира во нови канали, содржина со повисок квалитет и постабилна инфраструктура, со цел да им обезбеди на гледачите уште подобро телевизиско искуство и сигурно следење на најважните спортски, забавни, детски, филмски и документарни содржини“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го шокираше светот на боксот: Останува без сите појаси, но кариерата не е завршена!

Непоразениот Украинец објави дека се откажува од WBA, WBC и IBF титулите и најави уште едн…