Дома Фудбал Проблеми пред дербито: Хаос во таборот на Норвешка пред историскиот меч на СП

Проблеми пред дербито: Хаос во таборот на Норвешка пред историскиот меч на СП

Пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија, таборот на Норвешка се соочува со проблеми за време на подготовките на тимот за историскиот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата по само една ноќ го напушти хотелот во Мајами каде што беше сместена поради незадоволство од условите, а дополнителен проблем претставува и стомачниот вирус што го погоди дел од тимот.

Норвешките репрезентативци, предводени од Ерлинг Халанд, првично беа сместени во хотелот во Форт Лодердејл, но по повеќе забелешки одлучија да ја променат базата.

Како што пренесуваат британските и норвешките медиуми, им правеле пречки играчите и стручниот штаб од бучавата со блиското градилиште и прометниот пат, недостатокот на заедничка просторија за состаноци, оддалеченоста од плажата, како и примедбите на хигиената.

Капитенот Мартин Одегард рече дека во репрезентацијата сакале да обезбедат најдобри можни услови за подготовка на еден од најважните натпревари во поновата историја на норвешкиот фудбал.

„Имаше неколку работи што можеа да бидат подобри, па реагиравме. Цел ни е да ги оптимизираме условите и што е можно поспремни да го дочекаме четвртфиналето”, рече Одегард.

Селекторот Столе Солбакен истакна дека имало премногу ситни проблеми кои влијаеле на секојдневната работа на екипата.

„Сакаме да бидеме заедно како тим и да имаме соодветен простор за состаноци. ФИФА покажа разбирање и ни помогна да најдеме подобро решение”, рече Солбакен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на Мундијалот: Тепачка среде прес-конференција (Видео)

Во пресрет на првото четвртфинале, кое во четврток од 22 часот ќе го играат Франција и Мар…