
Милан ги тресеше работите во италијанскиот фудбал со доведување на Гонзало Рамос, на многумина им е нејасно од каде ги добиле 70 милиони за резерва на Парижаните, имајќи ја предвид политиката на трошење во оваа деценија од кога „Red Bird“ е сопственик. На клупата пристигна Рубен Аморим кој смело искажа дека целта е титулата шампион и втората ѕвезда на дресот (20-то скудето).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен португалскиот репрезентативец, завршен е и договорот со Шпанецот Хил од Лацио кој го зедоа пред нос на Наполи. Тоа не е сè, сега клубот сака да го убеди Лука Модриќ да игра уште една сезона, а Аморим изјави дека Рафа Леао ќе биде клучен, иако се говореше дека најскапиот фудбалер на “Росонерите” би можел да биде продаден.
Сопственикот Кардинале најави офанзивен фудбал, тој сè уште му верува на Златан Ибрахимовиќ кога станува збор за трансфери.
Што уште бара Милан?
Пред сè треба креативен играч за среден ред. Првата цел е одличниот Артур Аза од Удинезе. Французинот вреди околу 40 милиони евра и досега е во предност пред Алајбегович кој се врати во Леверкузен по одличната сезона во Салцбург. Него го препорача Ибра, а Милан го следеше и Каресас, суперталентираниот Грк од Генк. Но, како што рековме, Ата кој одигра две добри сезони во Удине е прва цел, особено со оглед на тоа дека нема да мора да се прилагодува на Серија А.
Од стоперите ги следат и Гонзало Инасио од Спортинг, Антонио Силва од Бенфика, Вирџил ван Дајк е нереална опција за славниот клуб.
Нема да има големи промени во тимот, би можело да заминат Ричи, евентуално Јашари кој беше скапо платен, Фулкруг се врати во Англија. Ако остане Леао, Аморим со него и Нкунку ќе го комплетира нападот каде што Рамос е сигурно првиот избор.
Тој планира да му даде шанса на Чуквезе кој беше на позајмица во Фулам, но и на младите играчи Сисе и Комот. Како што рековме, потрошени се 100 милиони, не е завршено, италијанските медиуми пишуваат дека уште 50 се подготвени и тоа не се однесува на евентуални продажби.