
Богдан Богдановиќ е нов член на Хјустон Рокетс.
Тој потпиша договор со екипата од Тексас како слободен играч.
Хјустон веќе му посвети две објави.
По првата објава за добредојде, следеше и видео со неговите најдобри моменти во НБА лигата.
“Кошевите на Боги пристигнуваат и во Хјустон”, напиша клубот.
Во видеото, Богдановиќ блеска со шутеви од далечина и искрената насмевка, која ги воодушеви сите. Коментарите велат дека Хјустон конечно има вистински шутер.