Дома Фудбал Никој не може да поверува на кого Меси му се јавил по поставениот рекорд на СП

Никој не може да поверува на кого Меси му се јавил по поставениот рекорд на СП

Лионел Меси успеа на Светското првенство да сруши рекорд и да стане најдобар стрелец на сите времиња на тоа големо натпреварување, а многумина беа изненадени кога дознаа кого прв контактирал по таквиот подвиг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако има веќе 39 години, Меси игра навистина неверојатно на Светското првенство бидејќи моментално е прв стрелец на ова натпреварување со дури осум погодоци.

Но, што е уште поважно, Меси го победи рекордот на најдобар стрелец на сите времиња кога станува збор за Светските првенства, рекорд што го држеше Мирослав Клосе.

Клосе беше на тронот 12 години со 16 постигнати голови на Светските првенства, но Меси успеа да го надмине и сега веќе има дури 21 постигнат погодок кога станува збор за ова големо натпреварување.

Меси го надмина Клосе уште во групната фаза, а сега се дозна и кого прв контактирал кога го направи тој извонреден подвиг.

Токму Клосе беше тој кој откри дека бил изненаден кога Меси го повикал по натпреварот и тоа му покажа дека Аргентинецот навистина е голем човек.

„Лионел Скалони ми беше соиграч во Лацио. И ден-денес сме во контакт и понекогаш се слушаме”, започна Клосе и продолжи.

„Тој беше тој кој му овозможи на Меси да ме контактира откако го сруши мојот рекорд и стана најдобар стрелец на сите времиња на Светското првенство. Тоа беше навистина доста емотивно за мене”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…