
Легендарниот Славен Билиќ (57) ќе биде нов селектор на Хрватска, заменувајќи го на оваа позиција Златко Далиќ.
Порталот, Sportske novosti, утрово ја објави веста за постигнатиот договор помеѓу Хрватскиот фудбалски сојуз и Славен Билиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Славен Билиќ се враќа на чело на репрезентацијата, откако го обележа претходното успешно ја водеше селекцијата меѓу 2006 и 2012 година.
Билиќ ќе потпише договор со Хрватскиот фудбалски сојуз до крајот на Европското првенство 2028 година. Оваа улога ја презема по бројните ангажмани низ светот, иако одмараше две години по заминувањето од Саудиска Арабија.
Најдолго се задржа како тренер на клубови во Англија, при што значајно се истакна во Вест Хем. Работеше и за Вест Бромвич Албион и Ватфорд, како и за турски Бешикташ, руски Локомотив Москва, како и за клубови во арапскиот свет и Кина.
Медиумите во Хрватска веќе наведуваат дека тој ја формирал и новата стручна екипа, иако имињата сè уште не се објавени. Билиќ е пред тежок предизвик да ги постигне успесите на Далиќ, а мора да го направи тоа и без блескавата генерација предводена од Лука Модриќ.