Работнички му го нанесе првиот првенствен пораз на Вардар, откако попладнево во рамките на 15-коло, славеше со 3:0. Поразот на Вардар го искористи Шкендија и со триумфот во Ѓорче Петров ја намали разликата во однос на лидерот на четири бода.
Централана фигура на натпреварот беше голманот Гачевски кој му го подари првиот гол на Работнички, кај вториот можеше и мораше подобро да реагира, а потоа непотребно направи пенал од кој Работнички го постигна третиот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работнички првиот гол го постигна преку Сахити во 33 минута. Во второто полувреме Асани ја имаше шансата на мечот, но младиот напаѓач на Вардар во 70 минута од еден метар го промаши голот.
Казната за промашувањето стигна десет минути подоцна, кога Ерера упати удар од 25 метри, Гачевски само ја одби топката, на која налета Дурански и погоди за 2:0. Конечниот резултат го постави Ивановски од пенал во 92 минута. Претходно Гачевски непотребно го сруши Марковски во својот шеснаесетник.
Киксот на Вардар го искористи Шкендија која славеше над Македонија ЃП со 4:0 и ја намли предноста на лидерот на четири бода. Два гола постигна Хасани, а по еден Ибраими и Положани.
Резултати, 15 коло:
Пелистер-Шкупи 2:0
Ренова-Силекс 2:2
Брегалница-Победа 2:3
Македонија ЃП-Шкедија 0:4
Работнички-Вардар 3:0