
Големи вести пристигнуваат вечерва од Мадрид. Реал тргна по ѕвездата на Челси, Енцо Фернандез. Светот на фудбалот наскоро ќе биде сведок на уште еден огромен трансфер. Во зделка вредна речиси 140 милиони евра, најскапа зделка на кралскиот клуб некогаш, аргентинецот Енцо Фернандез ќе стане играч на Реал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите кои доаѓаат од Англија и Шпанија, Кралевите во наредните денови ќе испратат официјална понуда за 25-годишниот играч за врска. Челси ќе прифати износ од 120 милиони фунти, односно речиси 140 милиони евра.
Фернандез е главната желба на Жозе Мурињо за средниот ред на новиот Реал. Самиот аргентински фудбалер сака во Мадрид и трансферот е само прашање на време.
„Енцо Фернандез јасно истакна дека сака да замине од Челси ова лето. Примарна цел му е трансфер во Реал Мадрид. Разговорите наскоро ќе започнат”, е пораката од Англија.
Ако Реал исплати 140 милиони евра на лондонскиот клуб, тоа ќе биде нов рекорд на тимот од Мадрид. Сегашен рекордер е Џуд Белингам, кој на Борусија од Дортмунд и беше платен дури 127 милиони евра.