Дома Македонски спорт ВИДЕО: Македонија не личеше на себе, Димитриевски трагичар, Ерменија не испрати со „покер“

ВИДЕО: Македонија не личеше на себе, Димитриевски трагичар, Ерменија не испрати со „покер“

Во четвртото коло од Лигата на Нации, Македонија денес го забележа првиот пораз во Лигата на Нации и тоа на гостински терен во Ереван кај Ерменија.

Ерменците започнаа офанзивно од самиот старт како да беа мотивирани да се докажат после шокатниот пораз од Гибралтар во минатото коло. Домаќинот до водство стигна преку својот најдобар играчи Пизели во 12-тата минута. Пизели испрати удар од далечина, а лошата реакција на Столе Димитриевски топката заврши во нашата мрежа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во продолжение гледавме мирна игра со по некоја шанса и на двете страни. Треба да се спомене и дека Македнија при резултат 1:0 не доби чист пенал над Енис Барди кој беше соборен во противничкиот шеснаесентик.

https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/270234093609353/

Вториот дел донесе слична игра, Ерменија за нијанса беше подобра, а ние е не успеававме да создадеме посериозна прилика за погодок. До зголемување на водство домаќинот повторно стигна после наша грешка.

Димитриевски имаше лоша комуникација со одбранбените играчи и топката ја додаде до Михтаријан кој асистираше за водство од 2:0.

На десетина минути пред крајот видовме уште една грешка на Димитриевски, овој пат слична на првата кога од слободен удар погоди Газарјан.

Кaко „капак“ на лошата вечер дојде црвениот картон на Елиф Елмас во последните минути од натпреварот, а од слободниот удар Ерменците ги поставија конечните 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гвардиола откри зошто ги заменил Де Брујн и Халанд

Манчестер Сити вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Реал Мад…