Како што стојат работите Оливие Жиру од наредната сезона ќе го гледаме во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако искусниот француски напаѓач минатиот месец изјави дека би сакал да го обнови договорот со Челзи, според последните информации тој ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ и кариерата ќе ја продолжи во Италија.
„Газета дело Спорт“ објави дека за Жиру и понатаму интерес има од Интер и дека овој клуб ќе му понуди договор на две години со опција истиот да биде продолжен со клазула која би се активирала во зависност од тимскиот и личен учинок.
Истиот медиум тврди дека Жиру скоро се договорил со Интер, а една од причините поради кои тој ќе се пресели на „Меаца“ е Антонио Конте кој го познава од Челзи. Доколку трансферот се реализира како што се најавува Жиру ќе добива двојно помала плата, место досегашните осум ќе има четири милиони евра по сезона.