Дома Фудбал Германија Инцидент по дербито: Фудбалер на Борусија го чекал Коман за физички да се пресметаат – се појавил Гнабри!

Инцидент по дербито: Фудбалер на Борусија го чекал Коман за физички да се пресметаат – се појавил Гнабри!

Германските медиуми пренесуваа дека се случил сериозен инцидент по завршувањето на дербито помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

„Милионерите“ го загубија натпреварот со 0:4, а дел од фудбалерите не можеле лесно да го поднесат поразот. Според информациите најжесток во реакциите бил играчот на Борусија, Јулијан Рајерсон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, тој пред соблекувалната го чекал Кингсли Коман за да се пресмета со него. Двајцата фудбалери имаа жестоки дуели во текот на натпреварот, меѓутоа Норвежанецот сакал дополнително да ги „расчистат сметките“.

Неговата „мисија“ да го пронајде Коман не била успешна затоа што Французинот не излегол од соблекувалната, па така му пришол на Серж Гнабри кого вербално го нападнал. Редарите кои биле во близина морале да интервенираат и да ги разделуваат.

Новинарите по излегувањето од стадионот ги прашале фудбалерите за оваа ситуација, но изјавите биле дека проблемите се решиле. Засега не е познато дали Рајерсон ќе добие некаква казна за ваквото однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …