Езгјан Алиоски по вчершаната победа на Македонија против Исланд во Скопје и обезбедениот бараж имаше прилика да се сретне со неговиот поранешен соиграч од Лидс Илан Мелие.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алиоски го напушти Лидс и ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, додека Мелие се уште е член на англискиот премиерлигаш. Мелие во Скопје пристигна поради утрешниот натпревар во квалификациите за Европското првенство помеѓу селекциите на Македонија и Франција до 21 година.
