
Карим Бензема може да го прекине договорот со саудискиот клуб Ал-Хилал, тврди весникот “АС”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изданието дополнува дека тренерот Симоне Инзаги не планира да се потпре на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, а клубот сака да го привлече на негово место Оли Воткинс. Бензема сака
да ја добие целата плата за последната година од договорот пред да го напушти клубот. Овој потег не беше добро прифатен од управата на Ал-Хилал и од лигата. Проблемот е што дел од платата на поранешниот фудбалер на Лион ја покрива Саудиската професионална лига, што значително би го комплицирало неговото заминување, бидејќи ќе биде потребен договор и со клубот и со лигата.
Во Ал-Хилал сакаат да го привлечат Оли Воткинс, кој има договор со Астон Вила до 2028 година. Напаѓачот долго време е поврзуван со заминување од бирмингамскиот клуб, но не е јасно дали од “Вила Парк” ќе се согласат да го пуштат толку доцна во трансферниот период.
Меѓутоа, правилата за бројот на странски играчи во Саудиска Арабија се менуваат. Во официјалните натпревари од првенството, секој клуб ќе може да регистрира само осум странци во групата за натпреварот. За Купот на Кралот и Суперкупот на Саудиска Арабија, пак, ќе бидат дозволени десет странски играчи.