Половина година помина од Олимписките игри во Париз, а бурите околу скандалот со квалитетот на олимписките медали што се целосно распаѓаат, не стивнуваат.
Само месец дена по завршувањето на Олимписките игри во Париз, незадоволните спортисти соопштија дека нивните медали почнале да се распаѓаат. Пред месец дена, француските пливачи Клемент Секи и Јохан Ндој Броар објавија како моментално изгледаат нивните медали.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Француските пливачи се пошегуваа со вирусните фотографии од нивните медали, велејќи дека изгледаат како од Игрите во 1924 година, а не 2024.
Скандалот сега доби поголеми размери. Париската златарница, која беше одговорна за изработката на медалите, отпушти три лица кои беа одговорни за оваа грешка.
Pas la médaille de bronze de Clement Secchi qui s’écaille 💀💀#Paris2024 pic.twitter.com/Dv7YOVxLMN
— MR.CARTER (@NelsonCarterJr) December 27, 2024
Сменети се индустрискиот директор, директорот за производство и лицето одговорно за квалитет, здравје, безбедност и животна средина.
Проблемот настана поради отровната супстанца хром триоксид. Тој е причина за сите проблеми со олимписките медали во Париз, бидејќи во париската златарница го користеле во производството на лакови со кои ги обојувале медалите.
#ACTUALIDAD
— TIKITAKAS (@AS_TikitakAS) January 15, 2025
🥇🥈🥉 La casa de la moneda de París entra en crisis por la devolución de 100 medallas olímpicas https://t.co/bcYQZ89ZQG
Меѓутоа, хром триоксидот е забранет во Европската унија, така што организаторите на Олимписките игри во Париз им преостанаа само 15 месеци да го решат проблемот и да најдат замена за него.
Хром триоксидот се користи главно во процесите на премачкување на метални површини за да се подобри нивната отпорност на корозија. Тој делува како оксидант во различни хемиски реакции и се користи и во производството на вештачки скапоцени камења.
Сепак, бидејќи е многу отровно, корозивно и канцерогено соединение, потребно е да се користи заштитна опрема при ракувањето, и целосно е забрането во Европската унија. Лицата одговорни за производството на олимписките медали очигледно не го знаеле ова, па на крај морало да се најде алтернативно решение што довело до целосно уништените медали.
Париската златарница прими назад повеќе од 100 медали. Од Меѓународниот олимписки комитет беше најавено дека сите ќе бидат заменети.