Страотна несреќа, во која гореа три автомобили, се случи на трката во Наскар купот. Сударот на автомобилите се случи во 199 круг. Џо Логано со своето возило удри во автомобилот на Деника Патрик, а по сударот нивните возила останаа на патеката, кога во полна брзина на нив налета Ерик Алмирола. Автомобилите се запалија, но за среќа инцидентот мина без жртви. …