Дома Фудбал Шефот на мароканскиот фудбал: Јамал? Не знам ниту еден Шпанец кој се вика така!

Шефот на мароканскиот фудбал: Јамал? Не знам ниту еден Шпанец кој се вика така!

Шпанија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство и во петок во 21 час по македонско време ќе игра против Белгија. Ако успеат да поминат, во полуфиналето би можеле да се соочат со Мароко, кој во четврток во 22 часот игра против Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Мароканскиот фудбалски сојуз Фузи Лекјаа пред четвртфиналето зборуваше за Ламин Јамал (18), најголемата ѕвезда на Шпанија, чиј татко е Мунир Насрауи од Мароко, а мајка му е Шеила Ебана од Екваторска Гвинеја.

Младиот крилен напаѓач можеше, затоа, да игра за двете репрезентации од земјите на неговите родители. Но, како роден во Барселона и бидејќи поминал низ нејзината академија и настапувал за помладите репрезентации на Шпанија, го избра и “А” составот од Пиринејскиот полуостров.

„Ја почитуваме одлуката на Јамал, никогаш ја немаме доведено во прашање. Немаме променето став ниту кон него ниту кон неговото семејство, кое, колку што знам, често доаѓа на одмор во својата татковина, особено во северните провинции. Секогаш ќе бидат добредојдени“, порача претседателот на мароканскиот сојуз.

« Јас не познавам Шпанец кој се вика Јамал. » 🤫🇲🇦

Изборот на Ламин Јамал да игра за Ла Роха наместо за Мароко предизвика многу зборување. Во нашиот нов документарец, Фузи Лекјаа го крши молчењето и ги изразува своите мисли без филтри за оваа ѕвезда… pic.twitter.com/dooRBBErCx— Onze Mondial (@OnzeMondial) 6 јули, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо: Артета договори засилување за Арсенал

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а се работи за францускиот голман…