Дома Останати Кошарка Импресивно враќање од „минус 25“ – Вориорс до победа во првиот финален дуел на Западот (видео)

Импресивно враќање од „минус 25“ – Вориорс до победа во првиот финален дуел на Западот (видео)

Голден Стејт славеше во првиот финален дуел во Западната конференција против Сан Антонио 113:111. Голден Стејт до победата стигна со пресврт, откакако во еден момент од натпреварот имаше негатива од 25 поени.

Сан Антони одигра речиси беспрекорно прво полувреме, во кое го лимитираа Голден Стејт на 42 поени со само 33 отсто реализиција од поле. Во првиот дел Спарси два пати имаа предност од 25 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клучниот момент на патпреварот се случи по четири минути игра во третата четвртина кога најдбриот играч на Сан Антоно, Каваи Ленард ја обнови повредата на левиот скочен зглоб. Тој веднаш замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.

Непосредно пред повредата Голден Стејт го започна пресвртот. Најпрвин со серија 19:0 играчите на Голден Стејт ја спуштија разиката под десет поени, а потоа во финишот на напреварот, со серија 6:0 преминаа во водство.

Стеф Кари со 40 поени и седум скокови, односно Кевин Дурент со 34 кошеви го предводеа Голден Стејт, додека кај Спарси, најдобар беше Ленард. До повредата тој одигра 24 минути и имаше учинок од 26 поени, осум скокови и две асистенции. Одличен меч одиграа и Ламаркус Олдриџ кој постигна 28 поени и ветераното Ману Џинобили кој уфрли 17 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…