Дома Останати Кошарка Видео: Вашингтон после драма до мајсторка!

Видео: Вашингтон после драма до мајсторка!

Кошаркарите на Вашингтон изборија мајсторка во последното конференциско полуфинале против екипата на Бостон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вашингтон славеше со 92:91, а драмата во главниот град на САД ја реши Бредли Бил со тројка која ја постигна на 3,9 секунди до истекот на регуларниот дел од натпреварот.

Бостон прпошушти голема можност да ја реши серијата бидејќи на 75 секунди до крајот Селтикси водеа 82:87 и имаа напад.

Бил со 33 поени и Џон Вол со 26 поени и осум скокови го предводеа Вашингтон. На спротивната страна по 27 поени постигнаа Ајзеа Томас и Ејвери Бредли.

Мајсторката ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Бостон. Победникот од оваа серија, во финалето на Истокот ќе игра против Кливленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…