Дома Останати Авто Мото Стравичен судир во Наскар – гореа автомобили на патеката (видео)

Стравичен судир во Наскар – гореа автомобили на патеката (видео)

Страотна несреќа, во која гореа три автомобили, се случи на трката во Наскар купот. Сударот на автомобилите се случи во 199 круг. Џо Логано со своето возило удри во автомобилот на Деника Патрик, а по сударот нивните возила останаа на патеката, кога во полна брзина на нив налета Ерик Алмирола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Автомобилите се запалија, но за среќа инцидентот мина без жртви.

Деника Патрик и Џо Логано од своите автомобили излегоа неповредени, додека Алмирола од возилото го извлече обезбедувањето, а потоа веднаш е хоспитализиран.

Алмирола се здобил со тешки повреди, но се наоѓа во стабилна состојба.

„Фрустрирана сум. Кога чувствувам дека работите се движат во вистинска насока, секогаш се случува некаква несреќа. Алмирола не мина добро и се надевам дека со него сè ќе биде во ред“, рекла Деника Патрик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…