Дома Фудбал Златко Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска!

Златко Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска!

Златко Далиќ го напушта кормилото на хрватската фудбалска репрезентација. По поразот и елиминацијата на Светското првенство го заврши својот мандат, функција која ја презеде во октомври 2017 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватска го заврши својот настап на Мундијалот во Соединетите Американски Држави во осминафиналето, каде што ја загуби битката против Португалија со резултат 2:1.

Хрватската фудбалска федерација официјално објави дека Далиќ реши да ја прекине соработката, а го испратија со емотивна порака во знак на благодарност.

“Скромен почеток. Неповторлив пат По речиси девет години, селекторот Златко Далиќ одлучи да ја заврши својата многу успешна ера на чело на Хрватска. Благодариме за сите победи, големите резултати, постигнатите пласмани, освоените медали, заедништвото и посветеното претставување на Хрватска на теренот и надвор од него. Твоите резултати зборуваат за твојата тренерска големина, а почитта од играчите, стручниот штаб и противниците за твоите човечки квалитети”, соопштија од ХНС.

Далиќ ја презеде хрватската репрезентација во финалната фаза на квалификациите за Светското првенство 2018 година, кога го наследи Анте Чачиќ во многу тешки околности. Успеа да ја одведе репрезентацијата на Мундијалот во Русија, каде веднаш постигна историски успех со освојување сребрен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Египет беше ограбен среде бел ден, срамота е ова!

Тренерот на Реал од Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро ја критикуваше суд…