
Драматичниот натпревар во осминафиналето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Египет (3:2) донесе голем пресврт и многу контроверзии со судиските одлуки, но еден момент од завршницата на дуелот привлече особено внимание.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Египетскиот селектор Хосам Хасан ги прекрсти рацете во форма на буквата „X“, за што доби и жолт картон.
Се работи за службен знак на ФИФА со кој играчите, тренерите или судиите можат да пријават сомнеж за расизам или друг облик на дискриминација за време на натпреварот. Гестот служи како визуелен сигнал дека постои сериозен инцидент и дека се бара реакција од службените лица.
ФИФА го усвои тоа на Конгресот во 2024 година во Бангкок како дел од засилените мерки во борбата против расизам и дискриминација во фудбалот. Сепак, покажувањето на знакот X не значи автоматски прекин на натпреварот, туку активира процедура според која судијата ја проценува ситуацијата.
Протоколот предвидува три можни чекори. Првиот е привремен прекин на натпреварот за да се процени што се случило. Ако инцидентите продолжат, двете екипи можат да бидат испратени во соблекувалната, а како крајна мерка натпреварот може да биде трајно прекинат.
Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Хасан го покажа гестот по постигнувањето на третиот гол на Аргентина, уверено верувајќи дека за време на славењето на аргентинските фудбалери биле упатени расистички навреди. Во тој момент, сепак, немаше јавно достапни докази кои би потврдиле дека таков инцидент навистина се случил.