Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ после епскиот меч: Заради вакви моменти сѐ уште играм тенис

Новак Ѓоковиќ после епскиот меч: Заради вакви моменти сѐ уште играм тенис

Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон по исцрпувачки маратон кој траеше пет часа и 14 минути, при што го совлада Феликс Оже-Алиасим со резултат 7-6, 3-6, 6-3, 6-7, 7-6. Во борба за финалето го чека светскиот рекет број еден, Јаник Синер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По победата во својот најдолг меч на Вимблдон, Ѓоковиќ ги сподели своите емоции со публиката. „Победив благодарение на рекетот и моето големо срце. Што да кажам? За вакви моменти сѐ уште играм тенис“, изјави Ѓоковиќ. „Сакав ова да беше финале за да не се грижам како ќе се чувствува моето тело утре, но среќен сум што победив“, додаде тој.

Претстојниот дуел со Јаник Синер претставува повторување на минатогодишното полуфинале. Тогаш Италијанецот славеше во три сета, а во финалето го победи Карлос Алкараз и го освои турнирот. Алкараз годинава не учествува на Вимблдон поради повреда, што го прави патот до титулата малку поотворен.

По победата, Ѓоковиќ со подигнати раце ги примаше овациите од трибините, а потоа изведе танц посветен на својата ќерка. Неговиот син Стефан и ќерката Тара го следеа мечот до самиот крај. „Им реков да си легнат, но не ме послушаа. Но, дури и подобро, ми е драго што се тука“, изјави Ѓоковиќ. Дали ќе има причина за славење и во петок, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале и го престигна Федерер на вечната листа

Седумкратниот освојувач го победи 132. играч на планетата со 7:6 (6), 6:3, 3:6, 6:3 после …