
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, синоќа на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.
Србинот во драматичен четвртфинален меч, по повеќе од пет часа немилосрдна борба, со 3:2 во сетови, го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим.
Седумкратниот освојувач на најпрестижниот гран слем во полуфиналето ќе игра против првиот играч на светот Јаник Синер. Нивниот дуел на Централниот терен на Вимблдон е закажан за петок, најверојатно од 14.30 часот по времето во Србија.
Ова ќе биде 12. меѓусебен дуел на 39-годишниот Ѓоковиќ и 15 години помладиот Синер. Во меѓусебниот скор Италијанецот води со 6:5.
Сепак, последниот нивни меч беше во корист на Новак. Тоа беше на познатото полуфинале на Австралијан опен оваа година, кога Србинoт со 3:2 во сетови го пореши, како што изгледаше, „незапирливиот“ Синер.