Во последниот натпревар од шестото коло во ПМФЛ, Шкендија и Шкупи одиграа реми без голови. Поради тридневната жалост, големото дерби се одигра денес во Тетово, немаше голови, но донесе големи возбудувања. Шкендија генерално беше подобар противник, иако шанси имаше и пред двата гола. Сепак, домаќините имаа поголема иницијатива, но не успеаа да го скршат отпорот на противникот. Фото: ФК Шкендија