Дома Фудбал Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Раното испаѓање на Уругвај од Светското првенство 2026 година веќе во групната фаза не само што ги урива соништата на репрезентацијата, туку, според се, го означува и крајот на ерата на Марсело Биелса на селекторската клупа. Аргентинскиот стратег наводно се простил од тимот во напната атмосфера, а состанокот го одбележала фразата која совршено го сумира неговото разочарување: “Ме оставија сам”. Ова го објави уругвајскиот новинар Себас Џованели, пишува DAZN.

Напната атмосфера на последната средба

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите што Џованели ги изнесе на ESPN, Биелса пред да го напушти кампот во Плаја дел Кармен одржал последна средба со играчите. На овој состанок ги искажал своите незадоволства од однесувањето на некои од клучните членови на екипата, а споменатите зборови им ги упатил непосредно пред заминувањето.

Според уругвајските медиуми, меѓу имињата бил и Федерико Валверде. Играчот од средината на теренот, наводно, бил еден од тие чие однесување го нарушило односот со селекторот, откако отворено го искажал незадоволството во текот на замената за клучниот натпревар против Шпанија.

Крај на договорот и откажани летови

Дополнителен хаос во уругвајскиот табор внесе одлуката на Фудбалската федерација на Уругвај (AUF). Според повеќе извештаи, федерацијата по испаѓањето ги откажала повратните летови што првично биле организирани за членовите на екипата, што го зголемило општото чувство на разочарување по спортскиот неуспех со освоени само два бода.

Неговиот договор со уругвајската репрезентација беше врзан со настапот на Светското првенство, така што со елиминацијата неговото мандатно време автоматски заврши. Клупата ја напушта со биланс од 14 победи, 15 нерешени натпревари и осум порази во 37 одиграни натпревари.

Крајот беше навестен уште на прес-конференцијата по поразот од Шпанија, кој го потврди испаѓањето. Тогаш Биелса, наместо да добие комплименти за тригодишната работа, изнесе една од најострите самокритики во неговата кариера.

На прашањето по што ќе се памети неговиот мандат, беше искрен: “Не оставам ништо на уругвајскиот фудбал. Секој тренерски допринос во фудбалот на една држава, во која се работи три години, е неисполнет ако не се постигнат резултати.

Такви беа и четвртото место во квалификациите, третото место на Копа Америка и овој настап, кој, очигледно, и не треба повеќе да го опишувам,” заврши Биелса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бранеше за Барселона, премина во црвено-белите и испадна во втората лига, а сега е близу до потпис за гигант!

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген се наоѓа пред ново поглавје во кариерата, затоа ш…