
Како што пишува италијанскиот новинар Матео Морето, за талентираниот фудбалер сериозно се заинтересирани германскиот гигант Баерн и англискиот клуб Тотенхем, кои веќе подолго време го следат неговиот развој.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, најголема пречка претставува неговиот сегашен клуб Комо, кој не покажува никаква намера да го пушти по “пониска” цена.
Наводно понудите веќе достигнале околу 55 милиони евра, но италијанскиот клуб јасно порача – Батурина не оди под 80 милиони.
Комо сака да го задржи хрватскиот играч од средината како клучен дел од проектот и не планира да влезе во преговори освен ако не пристигне понуда која руши сите рекорди.
Батурина пристигна во Комо минатото лето од Динамо за околу 22 милиони евра и по само една година Италијаните можат да заработат многу повеќе од неговата продажба.
Иако сумата што моментално ја нудат за Батурина не е за занемарување, во Комо не ја сметаат за доволна, во секој случај свесни се за важноста на Хрватот за нивната игра, а сега кога обезбедија Лига на шампиони, сакаат да ги имаат најдобрите играчи на располагање.
23-годишната ѕвезда во првата сезона во дресот на Комо одигра 34 натпревари и постигна осум голови со четири асистенции.